ЗА ПРОЕКТОТ

2 земји
17 месеци

1.474.450,00 € буџет

floodshield-logo

Главни цели на проектот

Главната цел на проектот е минимизирање на прекуграничните ризици од поплави и катастрофи со зајакнување на прекуграничната соработка, организациски, технолошки и социјално. Оваа цел има директен придонес во програмата SO 2.4: “Превенција, усогласување и справување со природни катастрофи, ризици и опасности”. Спроведувањето на проектот ќе резултира со поефикасни заеднички активности и координациски активности против поплавите, во поглед на:
  • Менаџмент: Формирање на заедничка менаџерска група во областа на ризиците од поплави, дефинирање на процедурите потребни за надминување на бариерите во прекуграничната соработка и елаборација на прекугранична стратегија за реакција при поплави.
  • Одговор: обука на персоналот, доброволни групи, кои ќе участвуваат во интервенциите за време на поплавите, мапирање на ризични области, идентификација и достапност на опрема во соседните области и организација и соработка при цивилната заштита преку тренинг и подготовка во случај на поплави.
  • Превенција: Воведување на систем за рано предупредување и имплементација на подигање на свеста и информативни активности за граѓаните да се заштитат од опасностите од поплави
  • Придобивки: Мерките за усогласување на ризиците од поплави ќе бидат вклучени во стратегијата за реакција при поплави.

Покрај главната цел, проектот комбинира различни аспекти за постигнување на следниве под-цели:

Зајакнување на управувањето со ризикот од поплави во Прекуграничната област за подобра проценка, планирање, следење, спречување и реагирање против поплавите
Подобрување на техничкиот капацитет за ефективна прекугранична проценка на ризикот од поплави, мониторинг, подготвеност и одговор
Промовирање на улогата на граѓаните и волонтаризмот во акциите за цивилна заштита во случај на катастрофи со поплави за да се заштитат и активно да се вклучат во активностите за превенција и реакција.

Skip to content