ЗА ПРОЕКТОТ

Interreg IPA CBC програма "Грција - Република Северна Македонија 2014-2020"

Оваа програма ја поддржува регионалната соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Нејзината цел е да ја зајакне територијалната кохезија со подобрување на животниот стандард и можностите за вработување во однос на животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ. Interreg IPA CBC Програмата "Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020" (CCI: 2014TC16I5CB009) беше одобрена од Европската комисија на 6 август 2015 година со одлука C (2015) 5655.
"Interreg IPA CBC програма "Грција – Република Северна Македонија 2014-2020" е Програма за прекугранична соработка кофинансирана од Европската унија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (IPA II). Изјавата за стратегијата на Програмата е "да се зајакне територијалната кохезија со подобрување на животниот стандард и можностите за вработување во однос на животната средина и со користење на природните ресурси за надградба на туристичкиот производ". Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година изнесува 45.470.066,00 €.
Map-of-eligible-areaair2018
Skip to content