ЗА ПРОЕКТОТ
ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ
Имплементацијата на активностите на проектот и испораката на нивните очекувани резултати ќе придонесат за остварување на специфичните цели на проектот на следниов начин: Зајакнувањето на управувањето со ризикот од поплави ќе биде постигнат преку,
а) формирање на Заедничка група за управување со ризиците од поплави која ќе го подобри и обедини заедно капацитетот на властите, службите и волонтерските групи,
б) формирање на комуникациски и оперативни прекугранични центри,
в) дефинирање на процедурите потребни за надминување на бариерите во прекуграничната соработка
г) елаборација на прекугранична стратегија за реакција при поплави и
e) обука на персоналот на властите, волонтерски групи на службите кои учествуваат во интервенциите за време на поплавите.
“Подобрувањето на техничкиот капацитет за ефективна прекугранична проценка на ризикот од поплави, мониторинг, подготвеност и одговор ќе се постигне преку:
а) развој на систем за рано предупредување на поплавите
б) мапирање на ризичните и ранливите места од поплави,
в) идентификација на средствата и опремата на соседните територии и нивното обезбедување на пристапноста со цел да бидат достапни за употреба во случај на екстремни настани и
г) развојот на Платформа за управување и организација во случај на инциденти за локална цивилна заштита и други учесници за обука, подготовка и одговор во случај на поплави. Промоцијата на улогата на граѓаните и волонтаризмот ќе биде постигната преку подигање на свеста, информтивни и промотивни кампањи кои ќе вклучуваат настани, неформално образование во училиштата, аудио и видео материјали итн.
“Целите ќе бидат постигнати и преку раководење со проектот (подготовка, управување и евалуација, состаноци, ревизии и известување), како и активности за информирање и дисеминација на проектот (комуникациска стратегија, публикации, публицитетни материјали и јавна релација, веб-страница на проектот и социјални медиуми, вмрежување и конференции).”
